Ковид 19: Бројот на починати во Македонија достигна до 500, во светот околу 700.000 – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/20 6:37 AM

Ковид 19: Бројот на починати во Македонија достигна до 500, во светот околу 700.000

Тројца пациенти починаа вчера од вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на починати од оваа болест во земјава достигна 500. Ковид-19 е најризичен за постарите лица, односно предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином.

.Тројцата пациенти кои починаа се од Битола (на 73 години), еден од Демир Хисар на 73-годишна возраст и еден од Скопје на 44 години. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Инситутот за јавно здравје вчера регистрира 74 нови случаи со Ковид-19: во Гостивар-22, Скопје-14, Штип-13, Куманово-осум, Виница-четири, Кавадарци, Берово и Свети Николе по три, Кичево-два, Струга и Кочани по еден. Во текот на вчерашниот ден регистрирани се и 90 оздравени пациенти од: Скопје-23, Тетово-17, Свети Николе-17, Штип-11, Гостивар-девет, Радовиш-пет, Кавадарци-три, Куманово, Дебар, Велес, Охрид и Кочани по еден.

Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.128, бројката на оздравени пациенти е 6.972, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.656.

Во Скопје има најмногу активни случаи на Ковид-19 – 1.363, во Штип – 430, Гостивар – 282, Куманово – 269, Тетово – 220, Струга – 203, Свети Николе – 151, Дебар – 117, Кичево – 108.

Вс светот, вкупниот број на заразени со коронавирус е околу 18,3 милиони, оздравени се 11,5 милиони, активни случаи има малку повеќе од шест милиони, а досега вкупно починале околу 700 илјади.