Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура до 37 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.
Од утре следува период на променливо облачно, посвежо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, а се очекува локално да наврне и поголема количина на воден талог.