Русија: Вакцината на волонтерите им создаде имунитет без нуспојави – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/20 6:46 PM

Русија: Вакцината на волонтерите им создаде имунитет без нуспојави

Конечните лекарски прегледи на волонтерите кои учествувале на клиничките испитувања на вакцината против Ковид-19 покажале присуство на имунитет и отсуство на несакани ефекти, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Резултатите од студијата покажале дека сите волонтери имаат јасен имунолошки одговор како резултат на вакцинација, се наведува во соопштението, пренесе ТАСС.

Нема никакви несакани ефекти и нема неправилности во телесните функции на волонтерите, соопшти Министерството.

Конечниот лекарски преглед беше извршен во Главната воена клиничка болница Бурденко на 3 август. Руското Министерство за одбрана истакна дека сите фази на развој и тестирање на вакцината биле целосно во согласност со протоколот на клиничките истражувања.

Волонтерите се вратија во болницата на 42-от ден по вакцинацијата и поминаа сеопфатен медицински преглед, се наведува во соопштението.

Извор: rtv.rs