За една недела уапсени 80 луѓе со лажни документи во Грција – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/20 7:01 PM

За една недела уапсени 80 луѓе со лажни документи во Грција

Во рок од седум дена на меѓународниот аеродром „Никос Казандзакис“  се уапсени 80 странски државјани поради користење на лажни документи, соопштија грчките власти.

Меѓу уапсените има 53 мажи и 27 жени, кои биле уапсени додека пробувале да стигнат на своите дестинации во други земји во ЕУ, пренесува грчката агенција „АНА“.