Потрагата по 16 годишното момче кое вчера исчезна во водите на Преспанското езеро откако со другарите изнајмиле педалинка и отпловиле, се’ уште трае. Настанот бил пријавен во полиција вчера во 18 часот. Езерото го пребаруваат нуркачи а од попладнево се вклучи и специјална единица на МВР.
Како што јавува „Телма“ момчињата биле непливачи, но не носеле ниту заштитни елеци.
Според сопственикот на педалинките Ведат Адемовски, педалинката била исправна и не се превртела, туку дека момчињата скокале од неа во водата.
Засега е нејасно како дошло до трагедијата.