Корона е проба на биолошка војна- Лекарот на Путин тврди дека пандемијата е тестирање – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/20 4:36 PM

Корона е проба на биолошка војна- Лекарот на Путин тврди дека пандемијата е тестирање

Ситуацијата со пандемијата на вирусот корона е слична на биолошки воен тест, рече детскиот хирург, д-р сци. мед. Леонид Рошаљ, претседател на националната медицинска комора на таа земја, човек во кој има голема доверба и самиот Владимир Путин

– Кога ја анализирам моменталната состојба, разбирам дека ова е проба за биолошка војна. Не велам дека овој вирус е направен од човек, нема доволно основи за вакви тврдења и јас не сум ниту виролог. Но, ова е тест на здравствениот систем, вклучувајќи ја и биолошката заштита на земјата – истакна Розај во интервју за „Форбс“.

Тој посочува дека вирусот не знае за граници и дека е невозможно да се предвиди ширењето на епидемијата, затоа што луѓето од различни земји се однесуваат поинаку, и покрај сите ограничувања. Според Рошаљ, сите во Русија се приклучиле во борбата против короната вирус, вклучувајќи го и претседателот и владата.

Рускиот лекар верува дека ниската стапка на смртност во земјата е поврзана со навремено воведување ограничувања за влез во земјата и мерки за внатрешна контрола.

Розаљ вели дека е неопходно да се продолжи со носење маски и ракавици, да не се испраќаат настинати и болни деца во градинките, да се почитуваат санитарни мерки во компаниите, на работниците кои не се чувствуваат добро треба да им се забрани да доаѓаат на работа и дека треба да бидат тестирани за вирусот корона.

Извор: informer.rs