„Журките“ во Градиште завршија со две кривични пријави – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/20 2:30 PM

„Журките“ во Градиште завршија со две кривични пријави

Празничниот продолжен викенд го преполни Охрид со туристи од целата земја, но донесе и  неодговорно однесување и непочитување на протоколите.

По социјалните мрежи масовно се споделуваа слики и видеа од преполни плажи и кафулиња, каде се гледа дека нема простор да се одржува безбедно растојание ниту пак се носат маски.

„Слободен печат“ пишува дека за журките на Градиште се поднесени две пријави.

„Во овој продолжен викенд, заедно со колегите од Скопје и од одделението во Гостивар, со петнаесет инспектори направени се 75 надзори во 2 дена. На подрачјето на Охрид имаме 2 кривични пријави по членот 206 од Кривичниот Законик конркетно за журки во Градиште, на плажите два и три. На подрачјето на Струга во кафуле покрај Дрим постапивме, но наидовме на попречување па полицијата се вмеша во случајот и се преземаат дополнителни мерки”, велат од Пазарниот инспекторат одделение Охрид, за „Слободен печат“.

За масовните собири реагираше и министерот за здравство Венко Филипче, кој напиша дека лежалката од плажа лесно може да се замени со болнички кревет, бидејќи вирусот не е на одмор.