Додека во Собранието на Србија денеска се одржува конститутивна седница, вратите на парламентот се затворени, а надвор демонстрантите фрлаат со јајца и домати.
Протестот е организиран од движењето „Доста Беше“(ДЈБ), а српската полиција се обиде да го казни лидерот Саша Радуловиќ бидејќи сообраќајот пред Парламентот е блокиран.
Полицијата е на терен и ги казнува демонстрантите.
Протест се одржа и синоќа а ДЈБ вети дека денеска ќе го блокира Собранието за да не се одржи конститутивната седница, бидејќи изборите се фалсификувани.