Финската премиерка Сана Марин објави дека се омажила за своето долгогодишно момче Маркус Раиконен.
Марин (34), социјалдемократ, која стана премиер пред осум месеци, објави фотографија од нејзината венчавка во саботата на Инстаграм. На веб-страницата на владата се наведува дека тие се венчале во Кесаранти, официјалната резиденција на премиерот на Финска.
За свадбата ништо не се знаело однапред, таа чекала да помине за да објави дека се омажила.
-сречна сум и благодарна што можам да го споделам животот со чобекот што госакам. Видовме и искусивме многу заедно, споделувавме радости и таги и се поддржувавме еден со други во мир и во бури. Ние ја живеевме заедно младоста и пораснавме заедно, станавме зрели и како родители на нашата сакана ќерка, напиша таа.
https://www.instagram.com/p/CDYooLZD6vz/?utm_source=ig_embed
На свадбата присуствувале членови на двете семејства и нивни најблиски пријатели.
Марин и Раиконен се во врска 16 години и имаат две и полгодишна ќерка. Во декември, кога стана премиер, Марин беше најмладата жена на чело на владата на една држава.
Најмладиот премиер во западна земја беше Себастијан Курц, кој имаше 31 година кога за прв пат стана австриски канцелар во 2017 година. Во јануари оваа година, тој повторно дојде на чело на владата. Тој ќе наполни 34 години на крајот на август.
Фото: newsnowfinland.fi