Младо момче се удавило денеска попладне во водите на Преспанското езеро.
Од МВР го потврдија случајот и информираат дека трагаат по телото.
„Во 18:18 часот во ПС-Ресен, од ИМП било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И. М. (2004) од селото Јанковец, Ресен. На лице место се упатени Служби“, информира МВР.
Тоа наводно се удавило на тој начин што тројца другари се возеле со педалинка. Во еден момент педалинката се превртела, двете од трите момчиња испливале на брегот, а еден од капачите потонал во водата.
Сите напори на присутните да го спасат третото момче не успеале. Тие се обиделе да го пронајдат и со мрежа, но сето тоа било залудно.
Доцна попладнево во потрагата на удавеното момче се вклучиле и нуркачи кои стигнале од Охрид.