(видео)Хит на интернет-Бугарска министерка зборува на англиско-бугарски јазик – ММС
ММС

Објавено на: 08/2/20 5:29 PM

(видео)Хит на интернет-Бугарска министерка зборува на англиско-бугарски јазик

Хит стана видеото на бугарската министерка за туризам Маријана Николова, на кое таа говори нa  јазик,англиски помешан со бугарски.

Татјана Кристи живее во Сан Франциско, Калифорнија, а родена е во Варна, Бугарија. Видеата кои таа ги објавува на Фејсбук достигнуваат и повеќе од 10 илјади прегледи, а имаат повеќе од 3 илјади коментари. Тие се реобјавувани илјадници пати од корисниците на социјалните мрежи.

Кристи својот профил на Фејсбук буквално го има претворено во сатирична веб-страна за бугарската министерка за туризам, Маријана Николова, која го нема совладано добро англискиот јазик.

gospodari.com