Во судар на два моторцикли, повредени двајца малолетници – ММС
ММС

Објавено на: 08/2/20 1:37 PM

Во судар на два моторцикли, повредени двајца малолетници

Вчера попладне  во 18.10 часот на регионален пат Радовиш-Конче на место викано „Семеница“ се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „јамаха“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 12 годишен малолетник од с.Конче, радовишко и моторцикл„ктм-520“ без регистарски ознаки управуван од Б.И.(19) од с.Конче.

По незгодата со возило на итна медицинска помош возачите и сопатникот на првиот моторцикл- 15 годишен малолетник од с.Конче биле пренесени во Клинички центар Штип каде од доктор на возачите им биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.