Мисовски на Мечкин Камен: Да се биде под чадорот на НАТО, значи „сите за еден, еден за сите – ММС
ММС

Објавено на: 08/2/20 1:19 PM

Мисовски на Мечкин Камен: Да се биде под чадорот на НАТО, значи „сите за еден, еден за сите

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски денеска во Крушево изјави дека сме исправени пред опасноста Ковид -19, кој е тежок предизвик за здравствениот систем. Вели дека од сето ова ќе излеземе со повеќе искуство, и со вредност, а тоа е солидарноста. Им се заблагодари на здравствените работници, за нивната посветеност, хуманост и солидарност.

„Работевме напорно за да бидеме дел од НАТО сојузот, да изградиме стабилна, силна и економски просперитетна Македонија. Да се биде под чадорот на НАТО значи колективна безбедност, значи „сите за еден, еден за сите“, вели тој.

Мисовски кажа дека Македонија иако е мала земја по територија, стана пример во регионот.

„Веруваме во европската перспектива на нашата земја“, рече тој, и додаде дека ни се потребни функционални институции. Упати апел да се исполнат ветувањата дадени кон граѓаните.