Светската здравствена организација ја продолжи за уште три месеци состојбата на глобална подготвеност поради пандемијата од корона вирусот, соопштено е по седницата на комитетот за итни прашања на СЗО.
Соопштението пристигнува во моменти кога бројот на заразени ширум планетата ја надмина бројката од 18 милиони. Според проценките на статистичарите, за само четири дена оваа бројка е зголемена за цел еден милион на заразени!