Ваучерите за туризам за 3000 и 4000 денари се продаваат на интернет – ММС
ММС

Објавено на: 08/2/20 9:13 AM

Ваучерите за туризам за 3000 и 4000 денари се продаваат на интернет

Туристичките ваучери во вредност од 6.000 денари, што ги делеше државата, се продаваат на интернет за половина цена. Nа специјализираните интернет-страници за продажба се нудат за цени од по 3000 и 4000 денари, а има и такви кои продаваат и по два ваучери. Наместо да одат на одмор, граѓани им ги нудат своите ваучери на хотелиери или на сопственици на приватни апартмани.

„Има некои такви барања. Секогаш имало за било кој тип на донации и ваучери или помош, некој да си искешира на некој начин, отколку да ја употреби за таа намена за тоа што е даден тој ваучер. Не сум слушнал некој да има некаде направено такво нешто, бидејќи самите хотелиери не се заинтересирани за такви зделки. Тоа се многу мали зделки, за кои не вреди да се размислува“, изјавил за Алсат ТВ, претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески.

независен.мк