Вистина или не: Може ли витаминот Д да ве заштити од корна – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/20 8:24 PM

Вистина или не: Може ли витаминот Д да ве заштити од корна

Витаминот Д е навистина важен за целиот организам и има улога во скоро сите „важни“ телесни функции. Сериозен  недостаток на овој витамин (помалку од 12 нанограми на милилитар крв или помалку) може да доведе до сериозни и болни деформитети на коските кај деца и возрасни. Но, она што е интересно е дека дури и науката нема одговор за тоа колку витамин Д на човекот навистина му треба, но научно е утврдено дека недостаток на овој витамин може да биде поврзан со кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и некои видови на карцином. Исто така, се шпекулира дека луѓето кои имаат ниско ниво на овој витамин, и се заразени со вирусот корона, имаат потешки форми на оваа болест.

Студијата спроведена на Универзитетот во Хохенхајм откри дека постои поврзаност помеѓу пониските нивоа на овој витамин и посериозните форми на ковид-19.

“Постојат многу докази дека болести како што се хипертензија, дијабетес, кардиоваскуларни заболувања и метаболички синдром може да бидат поврзани со недостаток на витамин Д. Овие коморбидитети, заедно со недостаток на витамин Д, го зголемуваат ризикот од сериозни компликации предизвикани од коронавирусот”, велат истражувачите.

„Оваа изјава е целосно точна“, вели шефот на ендокринологија на Универзитетската болница во Вирцбург, д-р Марин Фаснахт. Сепак, тој додава дека докажано е само врската.

Тој е многу критичен кон „воздигнувње“ на витаминот Д во борбата против ковид, не затоа што не смета дека е важен витамин, туку затоа што не е докажано дека е „чудотворен“ како што се вели.

Засега она што се знае и што се смета за најправилно е ги следите препорачаните мерки – држете  дистанца, да носите маска и да избегнувате собири, тоа е единствениот начин да го спречите ширењето на епидемијата.

Избор: mondo.rs

Фото:vecernji.hr