Еднојајчани близначки се познати по нивната извонредна сличност, па дури и идентичен изглед, и тие честопати се во можност да ги завршат реченици една на друга, па дури и да споделат физичка и емотивна болка. Сепак, 34-годишната Ана и Луси Десинк од Перт во Австралија делат многу повеќе од повеќето други.
Овие сестри, кои се опишани како најидентични близнаци на светот, делат момче, а работите во нивната врска се чини дека се прилично сериозни. И двeте сега сакаат да забременат во исто време со истиот маж, пренесува Унилад.
https://www.instagram.com/p/CCEk8WBBJ6u/?utm_source=ig_embed
Иако ова е нешто што би предизвикало кавги помеѓу повеќето сестри, Ана и Луси се доста среќни со нивната животна состојба. Двете девет години го делат своето момче Бен Бирн и тврдат дека меѓу нив нема љубомора.
За разлика од нивните претходни мажи, Бен, наводно, ја разбира нивната опсесивна врска и ги третира подеднакво. Тројцата делат еден голем кревет, и ако Бен ја бакне едната, тој веднаш ја бакнува и другата за да избегне негативни чувства.
Кога беа гости во шоуто “This Morning” близначките кажаа сè за нивните планови за родителство. Така, тие откриле дека во исто време сакаат да ги замрзнат јајце клетки и да се обидат да забременат со ин витро оплодување затоа што „сакаат заедно да ја доживеат бременоста“.