На интернет осамнаа слики од Охрид.. Да ти е жал да го гледаш градот преполн со домашни туристи, кои го направија депонија!!
Коронаата ги избрка станските туристи, па за оваа тажна слика од центарот на Охрид, но и други познати туристички локации нема кого да обвиниме, освен самите себе и нискоро ниво на култура и однос кон околината.
Расфрлани шишиња, пластични кеси, опаковки од храна и што уште не. Активистите од „Охрид СОС“ објавија дека група совесни граѓани вчера го собирале отпадот.
„Има луѓе што не ги интересира каде го фрлаат отпадот и загадуваат каде што ќе стигнат, но има и совесни и вредни луѓе како овие на објавата кои ги санираат штетите на првите. Ако имаше функционални институции во земјава, расфрлачите на отпад немаше да бидат толку храбри зашто највеќе боли кога ќе те удрат по џеб!“, велат од „Охрид СОС“, приложувајќи неколку фотографии од акцијата.
Еве веќе скоро 30 години. Јас не се сеќавам некогаш да видовме ваква слика кога туристи ни се кинези, холанѓани, италијанци и тн.
Срамно. Жално. Бедно. pic.twitter.com/gUH3I1kwOj— Два терабајти (@Hard_diskot) August 1, 2020