Култна женска чанта од француската модна куќа „Хермес“, изработена од крокодилска кожа и украсена со дијаманти, е продадена за 254.617 евра, што е светски рекорд постигнат на дигитална аукција, пишува британскиот весник „Индепендент“.
Купувачот останува анонимен, а во натпреварот за чантата учествувале луѓе од 29 земји.


