Алмеда и Гери Халдвик се венчаа во 2015 година, само две недели откако се запознаа. Средбата се случи во време кога Алмеда доживеа семејна трагедија поради смртта на нејзиниот син Роберт.
Тие се запознале на погребот, а Гери, кој во тоа време имал 17 години, ја напуштил својата 77-годишна „девојка“ и по две недели ја запросил Алмеда. Тие тврдат дека се доста обичен пар, иако разликата меѓу нив е повеќе од 50 години. По венчавката, тие се вселиле кај внукот на Алмеда, кој е три години постар од нејзиниот сопруг.
https://www.instagram.com/p/CA01BTUDP2-/?utm_source=ig_embed
– Не барав помлад маж, Гери едноставно се случи. Кога го запознав, веднаш знаев дека тој е вистинскиот човек за мене – изјави Алмеда за странските медиуми, додека Гери се согласи: – Таа е навистина мојата девојка од соништата, а физичката страна на нашата врска е одлична.
Тој објаснува дека привлечноста кон постарите жени започнала во основно училиште кога се за вљубил во својата учителка. Запознавањето со Алмеда му помогнало повторно да ја пронајде својата страст и среќа. Откако доби дозвола од неговата мајка и баба, Гери реши да и предложи брак на својата сакана и веќе пет години ужива во љубовта со неа.
https://www.instagram.com/p/B4GHRCXjTKb/?utm_source=ig_embed
– И двајцата бевме толку нервозни на првиот состанок што Гери во еден момент падна од столчето. Сепак, морав да му поставам едно прашање, а тоа беше- дали не сум престара за него. Тој само ми ја зеде раката, се насмевна и ми рече дека годините се само број. Се чувствував како тинејџерка – рече Алмеда.
Извор: espreso.rs


