Заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас пред малку објави дека до 15 август се продолжува забраната за летови од и кон Македонија, Албанија и Турција, а со тоа и суспенција на влез на граѓаните на овие земји во Грција.
На граничните премини, дозволен е влез во Грција за граѓаните на Бугарија, Романија и Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) со негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Овој начин на влез на граѓните на овие три земји, ќе важи до 15 август.
По зголемувањето на бројот на заболени од ковид – 19 грќката влада попладнето одлучи да воведе нови мерки.
Од 1 август, употребата на маска е задолжителна во сите затворени простории, вклучително и места на богослужба, со исклучок на места за јадење и медицински исклучоци за луѓе, на пр. со респираторни проблеми.
Од 1 до 15 август се прекинати посетите на ранливите групи, болници и старечки домови. Во болниците, кога е потребно, може да има лиценциран придружник. Не е дозволено да останете во придружба во болница кои покажуваат какви било симптоми на инфекција на горниот респираторен систем.
Забраната за фестивали е продолжена до крајот на август.
За свадби, крштевки и погреби се поставува граница од 100 лица до 15 август
Силна препорака за употреба на маска на отворено кога не можат да се одржи растојание.