Неверојатно прозвучи информацијата дека дури тројца пацинети од листата на чекање за трнасплантација на срце од страв го одбиле здравото срце на донорот, кој бил во мозочна смрт. Неговите бубрези денеска беа успешно пресадени кај двајца пацинети, кои биле на дијализа.
Според информациите кои ги пренесоа дел од медиумите, срцето со писмена изјава го одбиле тројца пацинети, кои стравувале за својот живот. Министерот за здравство Венко Филипче напиша дека немало соодветен примател на срцето, што се коси со болничките информации што ги објавија медиумите.
Од здружението „Храбро срце“, кое ги обедува пацинетите и нивните семејства излегоа со реакција на новинарските тврдења:
„На официјалната страница на Министерството за здравство јасно стои: ОВОЈПАТ ЗА ЖАЛ, НЕМАВМЕ СООДВЕТЕН ПРИМАТЕЛ НА СРЦЕТО И НЕМА ДА БИДЕ ТРАНСПЛАНТИРАНО.
Здружението ги отфрла сите шпекулации кои беа објавени од страна на некои новинари дека некој пациент ја отфрлил понудата за донирано срце. Тоа се невистини, и такво нешто е неприфатливо и нелогично. Затоа што „Храбро срце“ се бори за таа кампања за подигнување на јавната свест за потребата од донирање органи и нема да дозволиме некој свесно да ја загрози нашата цел и мисија. Огромна благодарност до семејството на донорот кое ја донесе најхуманата одлука да спаси нечиј живот! Поклон до земја.
Да бидеме храбри, да се бориме заедно!, напишаа од здружението.
Во случајов останаа неколку неодговорени прашања, меѓу дугото и ако веќе не се нашол соодветен примател во Македонија, дали срцето би можело да биде транспортирано и да заврши кај пацинет во земјите од регионот, со што би се продолжил животот.
Македонија неодамна имаше ретко искуство на пресадување на срце од донор во мозочна смрт, што беше дочекано со емоции и голем интерес во јавноста. Засега, тоа е прв и последен случај на таква трансплантација.


