Семејството и колегите, му оддадоа почит на прерано починатиот Цоки Стојановски, кој животот го загуби во 2001 година бранејќи го Тетово
Неговите колеги роднини и пријатели го посетија неговот вечно почивалиште на градските гробишта во Тетово. Се потсетија на неговото херојство и неговите заложби за бранење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија.
Тој животот го загуби ноќта на први август, во одбрана на Тетово
Стојановски загина како комадир на реонот од наплатната рампа кон Гостивар до Станицата за безбедност на патниот сообраќај. додека беше на должност. Зад себе остави сопруга и две деца.