Без доволно маски и дистанца одбележан празникот Курбан Бајрам – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/20 2:48 PM

Без доволно маски и дистанца одбележан празникот Курбан Бајрам

На денешното одбележување на празникот Курбан Бајрам, забележително беше дека голем дел од верниците за време на утринската молитва не носеа заштитни маски.

 Се забележа и дека меѓу луѓето нема дистанцаМолитвата трааеше повеќе 1 час и покрај препораките на ИВЗ молитвата да биде 15-тина минути

– Ние живееме во време кога пандемијата е секаде околу нас.Ние мораме да бидеме внимателни, да  држиме дистанца, нoсиме маски,и да не одиме по гости како што е тоа традиција за бајрам,верувајчи дека во иднина ќе ни се даде таа можност, изјави тетовскиот муфтија Ќани Несими.

Дел од верниците кои ги анкетиравме и покрај апелите на муфтиите, велат дека ќе продолажт со традицијата на одење по гости за Курбан Бајрам.

Годинава поради коронавирусот во Тетово немаше сточен пазар, каде се купуваше курбан за празникот, а дел од курбанот за дели на сиромашните, како хуман гест на муслиманските верници.