Спасовски: Одговорност за непочитување на законските мерки мора да има – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/20 1:46 PM

Спасовски: Одговорност за непочитување на законските мерки мора да има

За непочитувањето на законските мерки мора да се сноси одговорност бидејќи во спротивно може да се повтараат ваквите случаи, смета премиерот Спасовски во врска со неисплаќањето на платите од страна на компаниите.

– Јавната објава на списокот и знаењето на луѓето за тоа кои се тие компании кои не се солидарни и сакаат на друг начин да функционираат во овој момент е една работа, меѓутоа јас сум длабоко убеден дека за ваква состојба во која не се почитуваат пред се законските одредби мора да се сноси одговорност, рече Спасовски во гостување во „Слободна ТВ“.

Тој смета дека доколку не се реагира во овој момент, тоа може да повлече  вакви слични дејствија и во иднина од други.

– Веќе е даден налог од моја страна до Генералниот секретар на Владата, да се подготват сите акти кои се потребни и врз основа на тоа да се покренат кривични постапки за секој еден кој ова не го испочитува, соопшти Спасовски.