Секој родител сака неговото дете да биде успешно, среќно и задоволно, но понекогаш таа желба е преголема, така што ги надминува можностите и капацитетите на детето. Кога во едно семејство по секој цена се форсира успехот, детето стекнува уверување дека вреди само ако е успешно и ако не може да ги постигне поставените критериуми се чувствува безвредно, а честопати и депресивно. Самите родители честопати мислат дека луѓето вредат само ако се успешни, познати или богати. Неретко ги оценуваат пстигнувањата само на другите луѓе, а сопствените неостварени амбиции ги пренесуваат на децата. Тогаш децата не го живеат својот, туку живеат туѓ живот. Вообичаени се примерите на родителите што ги форсираат децата да бидат најдобри во некој спорт или да ги достигнат највисоките академски титули, односно влегуваат во професијата што тие ја сакаат – пишува Љубица Богетиќ, психолог, психотерапевт и хипнотерапевт со специјализација за работа со семејни проблеми.
Според неа, од ваквите семејство во пракса може да се сретнат два трип деца. ПРвиот тип се оние деца кои успеале да ги задоволат критериумите на родителите, постигнувајќи високи резултати на училиште. Сепак тие не се чувствуваат задоволно и исполнето. Добиваат пофалби од околината за нивните постигнувања, но присилени се да успеат бидејќи длабоко во себе знаат дека ако не го постигнт она што се очекува од нив, никој не би ги сакал. Тие го прават она што го сака околината, но на тој пат не знаат што е тоа што тие навистина го сакаат и чувствуваат длабоко незадоволство.
Другиот тип деца се оние коишто немаат капацитет да ги исполнат очекувањата на родителите. Генерално тие имаат уверува дека не вредат доволно како човечки суштества ако не постигнат успеси. Често се депресивни, но често влегуваат и во бунт кон родителите, бидејќи сакаат да изградат своја автономија преку спротивставување на родителските желби.
Како да се надмине кризата?
Кога родителите се преамбициозни и пресугестивни, децата го губат својот идентитет. Работењето на себе и менувањето на анвиките, може доста да им помогне на децата да ја надминат кризата, да стекнат сигурност, да се запознаат себе, но и смислата на својт живот. Само така ќе можат да бидат и успешни и задоволни, но и слободни во својот избор. Нормално е родителот да сака неговото дете да биде успешно, но треба да се форсира успехот по секоја цена. Покрај него, важно е да се нагласуваат и другите особини како емпатијата, упорноста, хуманостра, снаодливоста и почитта. Добро е деата уште од најрана возраст да имаат некакво хоби во кое ќе пронајдат задоволство, бидејќи тие ќе им даде енергија кога ќе почувствуваат дека се под притисок. Важно е да ги оставите што порано да почнат да донесуваат одлуки со кои ќе преземат одговорнст за своите избори, дури и ако погрешат. Понекогаш тоа е потешкиот пат, но сепак е пат на кој можат да стекнат сигурнос во себе и својата способност. Целта на растењето е токму тоа – да се создаде автономија, слобода. За да се стигне до таа точка, родителите треба да бидат покрај децата се додека не се способни да полетаат, а потоа треба да ги пуштат да одлетат со своите крилја.
Извор: bgonline.rs


