Нема доволно простор за да се набројат сите сексуални фантазии и фетиши кои луѓето ги претпочитаат со цел да постигнат сексуална возбуда или оргазам. Сепак, кога ќе ги консултираме истражувањата изгледа од сите тие фантази три се особено популарни. Токму на нив се сведуваат најголем број од сексуалните стремежи.
Групен секс
Овде првенствено се мисли на популарната „тројка“, независно дали се работи за две жени или за двајца мажи. Што оваа фантазија говори за нас? Па, изгледа дека зборува за потребната за внимание. Жената се чувствува како централна фигура која задовлува не еден, туку двајца партнери, па овде имаме двојно валидизација – еднаш како објект н внимание, а потоа и како партнерка за двајца.
Слично е и со мажите кои спијат со две жени – се доживуваат како значајни и вредни за внимание. Што се однесува до четворките или набљудувањето на сопругата односно девојката во текот на сексот со друг маж, тука постои поинаква психолошка основа.
Секс на различни ризични места
Да се има секс во автомобил, парк или канцеларија е многу популарно. Тоа е така затоа што на овој начин се разбива рутината, а при тоа се зголемува ризикот од прекршување на законот или од тоа да се биде виден од други луѓе. Самото потенцијално кршење на законот е нешто што може многу да ги возбуди луѓето, бидејќи е забрането.
BDSM (Контрола, доминација)
Овој тип на секс е многу популарна фантазија, особено кај жените. Овој однос се заснова на потчинетоста на едниот, а доминација на другиот партнер. Доколку ова го сакаат и двете страни и никој не пати поради тоа, оваа фантазија е сосема нормална. Во основата на овој однос лежи и потребата да се елаборира анксиозноста, но во сигурно опкружување. Се знаат правилата и клучните зборови за одредување на границите за доминација, болка и така натаму. Елаборацијата на овие теми може да биде корисна и за некои друг аспекти на животот.
Јасно е дека во основата на многу фантазии всушност се наоѓа елаборацијата на нормалните и природни потреби на човекот за внимание, разбивање на рутината или доживување на дополнително возбудување. Затоа, сакајте се и уживајте без срам!
Пишува: Marko Braković
Извор: bgonline.rs