Синиша од Ваљево празнично подари две овци за сиромашните Бошњаци од Нови Пазар – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/20 10:30 AM

Синиша од Ваљево празнично подари две овци за сиромашните Бошњаци од Нови Пазар

На почетокот на прзазнувањето на Курбан бајрам од Нови Пазар доаѓа приказна за човечката добрина, почитувањето и разбирањето, пренесува „Курир.рс“.

Синиша Аврамовиќ од Ваљево подари две овци, курбан, за познатиот новопазарски добротвор Хидо Муратовиќ да им ги подели на сиромашните бошњачки семејства за празникот.

„Од вторникот јас сум среќен човек. Ми се јави Синиша од Ваљево. Слушнал дека се занимавам со добротворна работа и подари две овци за да ги поделам на сиромашните семејства во Нови Пазар. Не сум толку изненаден од овој гест на добра волја, колку што сум уверен дека ова е уште еден доказ оти добрината во луѓето не умрела и во овие тешки времиња. Кога мојот татко Насуф, кој има 87 години и е аџија, слушна за гестот на Синиша, само рече – ’бог да му даде добро’ и заплака“, вели Муратовиќ.

Додава и оти овие денови посетил повеќе од сто бошњачки семејства од тој крај и во очи на празникот им поделил парична помош пристигната од дијаспората.