Повторно лажен мејл: Државниот секретар Несторовска „повикува“ граѓани во полиција – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/20 10:23 AM

Повторно лажен мејл: Државниот секретар Несторовска „повикува“ граѓани во полиција

Добро утро,

Ова е да ве информираме дека сте поканети во полицијата на Република Македонија за тековна истрага за измама во банка.

Детали за поканата можете да ги најдете во приложениот PDF документ.

Оваа порака е последна покана затоа што ние ќе го извршиме вашето апсење ако не ја исполните оваа покана.

Со почит, 

Магдалена Несторовска

Ова е содржината на мејлот кој денеска стасува на повеќе е-маил адреси, меѓу кои и таа на редакцијата на Фактор. Испратен е од државниот секретар во Министерството за внатрешни работи. Со оглед што ова не е прв пат вакви мејлови да стигнуваат а од МВР еднаш веќе демантираа дека ги испраќаат, останува фактот дека станува збор за лажен мејл во кој е злоупотребен мејлот на МВР.

Имено во април лани исто така Несторовска реагираше дека ова е фалсификат и дека се прави за да предизвика немир. Таа рече тогаш дека полицијата не повикува граѓани во полиција.

фактор.мк