Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер изјави дека ќе мора да се види како германската војска ќе функционира кога Американците ќе си ги повлечат трупите.
Таа најави дека после летото ќе разговара со премиерите на германските сојузни држаи на кои се однесува планот на САД за повлекување на 12.000 американски војници од Германија за да се види на кој начин германската војска ќе може да помогне во тие делови на земјата.
„Одлуката за повлекување на американските трупи е за жалење. Предвид ги имаме германските и европските интереси, а вистина е оти добриот живот во Германија и во Европа се’ повеќез ависи од тоа на кој начин ја осигуруваме својата безбедност“, вели министерката, а пренесува „Ројтерс“.
Американската војска вчера ги објави плановите за повлекување на 12.000 свои војници од Германија, но половина од нив, сепак, ќе останат на европско тло поради „напнатоста со Русија“.