Во Сирија, со помош на Русија, ќе се гради реплика на Аја Софија – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/20 9:00 AM

Во Сирија, со помош на Русија, ќе се гради реплика на Аја Софија

Русија ќе ѝ помогне на Сирија да изгради реплика од Аја Софија, која ќе функционира како православна црква, истакнал за „Москоу тајмс“ руски официјален извор, откако Турција од музеј Аја Софија ја претвори во џамија во Истанбул. Вакви информации деновиве се објавуваат и во медиуми во други земји.

Русија наводно одлучила да обезбеди финансиски средства за минијатурна Аја Софија во западната сириска покраина Хама за да ја покаже важноста на „мирниот дијалог“ меѓу религиите. Според некои најави, подготовките за изградбата на репликата на Аја Софија во градот Ал-Сукајлабијах ќе почнат во август.