Маж е уапсен откако пукал кон мајка и син во хотел во Мајами Бич, Флорида, изнервиран затоа што не ги почитувале мерките за социјална дистанца.
„Вие не се придржувате кон мерките за социјално дистанцирање“, рече Даглас Маркс (47) од Мајами, според писмената изјава, во која локалните медиуми имале увид.
Тој тогаш им рече на Вероника Пена и нејзиниот син, туристи кои дошле на Флорида од Ново Мексико, дека морале да го напуштат хотелот, а потоа извадил огнено оружје и испукал неколку истрели во лобито на хотелот. Никој не е повреден во пукањето, што се случи во вторникот вечерта, пренесува Дејли Меил.
Еден од очевидците, кој побарал во изјава за „Локален 10“ да остане анонимен, рекол дека се обидел да го заштити туристите со своето тело.
„Тој се обиде да ги застрела девојката и детето“, рече неименуван очевидец.
Наводно, Маркс признал дека пукал, но им кажал на детективите дека го сторил тоа затоа што го следеле.