Да се радуваш на туѓа несреќа е пораз – Нина одговори на повикот за вадење компири – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/20 8:17 AM

Да се радуваш на туѓа несреќа е пораз – Нина одговори на повикот за вадење компири

Со денови, коментарот на една жена се шири на социјалните мрежи и медиуми  во кој ги поканува Нина Бадриќ и Северина да копаат компири, откако Бадриќ се пожали дека нејзиниот тим на соработници немал од што да живее последниве четири месеци.

“За неколку дена ќе вадиаме компири, триесет хектари, во близина на Бјеловар и ни требаат  работници . Плаќаме дневница 300 куни на ден. Те молам вас од редакцијата известете ја дали сака да работи. Може да ги земе и Маја, Северина, модниот мачор и сите што зеле помош од 4000 куни. Само кажи и да не влегува во тој дизајнерски фустан од 14 илјади куни, со кој се пофали пред неколку месеци, затоа што деновиве врнеше дожд и има многу кал “, напиша една жена и собра скоро 2500 лајкови и многу коментари.

Нина утрово и одговори на госпоѓата на својот Инстаграм. Таа накратко напиша: „ Да се радуваш на туѓа несреќа е пораз за човештвото“.

https://www.instagram.com/p/CDS5yQbFcGo/?igshid=tr69efk9dekx&fbclid=IwAR1BQVzsvP5zvUJ3N8M9iCe6nx8OaisUFedMpqXtiPMhFG8h5eg_ZAHY1nY

Нина веднаш доби коментар од нејзината колешка Памела Рамјак.

“Госпоѓата даде оглас. Веројатно сите ќе и дојдат да вадат компир бесплатно ако таму има луѓе од естрадата. Жената има нос за бизнис. Мора да привлече работна сила, очигледно не и оди добро”, напиша Памела.

„На толку многу сме помогнале, па би и помогнале и на неа да ги ископа компири “, одговори Нина Бадриќ.

Извор: index.hr