Губењето мирис е еден од најчестите и најраните симптоми на коронавирусот, а група американски научници тврдат дека ја пронашле причината за овој феномен.
Всушност, вирусот ги напаѓа клетките кои обезбедуваат метаболичка и структурна поддршка на тие неврони, како и одредени матични клетки и клетки на крвните садови, велат научниците од Медицинскиот факултет на Универзитетот Харвард.
Тие исто така изјавуваат дека губењето на чувството за мирис предизвикано на тој начин во повеќето случаи не е трајно.
Сепак, авторот на студијата објавена во списанието “Science Advances”, професор по невробиологија д-р Сендип Роберт Дата, предупредува дека се потребни повеќе податоци и дека треба да се објаснат механизмите кои стојат зад овој процес за да се потврди заклучокот, пренесува „Дејли Меил“.
Привремено губење на мирис, т.н. аносмија, е препознаена како еден од главните симптоми на Ковид-19, покрај треска и постојана кашлица.
За да се испита дали аномијата е постојана, Дата и меѓународниот тим на научници анализирале илјадници индивидуални клетки од носот на луѓето, глувците и приматите. Тие провериле кои гени биле изразени во секоја од овие клетки. Притоа се фокусирале на АЦЕ-2, кој ги контролира рецепторите со исто име кои служат како порта за вирусите да влезат во клетките на респираторниот тракт, и на генот ТМПРСС2, кој кодира ензим за кој се смета дека е важен за влез на вирусот САРС-КоВ-2 во клетките .