Ужас во ковид болница: Двајца заразени мажи силувале заразена малолетничка – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/20 9:53 PM

Ужас во ковид болница: Двајца заразени мажи силувале заразена малолетничка

Четиринаесетгодишно девојче било силувано во еден од најголемите ковид центри во Делу Делхи, Индија.   Индијка, инаку позитивна за Ковид-19, пред неколку дена била силувана од две постари момчиња, исто така заразена.

Силувачите ја намамиле девојката да влезе во тоалет, а потоа се заклучиле. Додека едниот снимал сè, другиот ја натерал несреќната тинејџерка на принуден секс.

Полицијата соопшти дека момчињата се уапсени и дека сите троица пациенти имаат  средно-тешка клиничка слика.

– Обвинетите беа уапсени и сместени во специјален оддел во болницата сè додека не закрепнат од инфекцијата – соопшти полицијата.

Според порталот „Индија експрес“, еден од момците, оној што ја силувал девојката, изјавил дека таа претходниот ден им се потсмевала, како и дека и двајцата им недостигал секс, што ги шокирало Индијците.

Индија се држеше добро во првиот бран на коронавирус во текот на пролетта, бидејќи премиерот Нарендра Моди воведе вонредна состојба и карантин. Сега, сепак, заради економијата, тоа не е случај, а Индија моментно е трета најзагрозена земја во светот.

Извор: republika.rs

Фото:medicaldialogues.in