Четиринаесетгодишно девојче било силувано во еден од најголемите ковид центри во Делу Делхи, Индија. Индијка, инаку позитивна за Ковид-19, пред неколку дена била силувана од две постари момчиња, исто така заразена.
Силувачите ја намамиле девојката да влезе во тоалет, а потоа се заклучиле. Додека едниот снимал сè, другиот ја натерал несреќната тинејџерка на принуден секс.
Полицијата соопшти дека момчињата се уапсени и дека сите троица пациенти имаат средно-тешка клиничка слика.
– Обвинетите беа уапсени и сместени во специјален оддел во болницата сè додека не закрепнат од инфекцијата – соопшти полицијата.
Според порталот „Индија експрес“, еден од момците, оној што ја силувал девојката, изјавил дека таа претходниот ден им се потсмевала, како и дека и двајцата им недостигал секс, што ги шокирало Индијците.
Индија се држеше добро во првиот бран на коронавирус во текот на пролетта, бидејќи премиерот Нарендра Моди воведе вонредна состојба и карантин. Сега, сепак, заради економијата, тоа не е случај, а Индија моментно е трета најзагрозена земја во светот.
Извор: republika.rs
Фото:medicaldialogues.in


