Прошетката во природа како еликсир за човековото здравје – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/20 9:02 PM

Прошетката во природа како еликсир за човековото здравје

Природата е одлична за нас и делува убаво на нашето здравје – покажале некои истражувања, додека дел од докторите самите им препишуваа на пациентите одмор во природа.

Па, колку природа всушност ни е потребно?

Само два часа неделно ќе ви бидат доволни за да се почувствувате среќно – покажува студијата на Универзитетот во Ексетер. Одморот во природа ќе ви го подобри  расположението, ќе го намали стресот па дури и крвниот притисок. Оние кои потрошиле во природа неколку часа или повеќе, имале за 59 проценти поголема веројатност дека ќе се чувствуваат поздраво. Исто така, за дваесет и три проценти била поголема шансата да бидат задоволни со својот живот за разлика од оние што не го правеле тоа.

Два часа прошетка во природа на неделно ниво, е лесно остварлива цел која им се препорачува на сите – изјавил еден од истражувачите што учествувале во создавањето на студијата.

 

Фото: pixabay.com

Текст: dominomagazin.rs