Мбапе: Златан, каков играч! – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/20 5:35 PM

Мбапе: Златан, каков играч!

Во рамките на 37 коло во Сериа А, екипата на препородениот пост-корона Милан ја совлада Сампдорија на гостински терен, а мечот го одбележа мајсторската игра на Златан Ибрахимовиќ.

Популарниот Ибра постигна два погодоци и му помогна на својот тим да стигне чекор поблиску до местото кое води во Европа Лигата. Швеѓанецот од доаѓањето во јануарскиот преоден рок, за екипата на Стефано Пиоли во Калчото има постигнато девет голови, а петпати се запиша на листата на асистенти.

По тој повод, еден од најдобрите фудбалери во светот, Килијан Мбапе, на Твитер профилот искоментира дека Ибрахимовиќ и на 38 години е оној стариот мајстор и изрази воодушевување од неговите партии со црвено-црните.

-Штотуку ја изгледав снимката од натпреварот Сампдорија-Милан, Златан, каков играч. На 38 години игра како во старите добри денови, напиша Мбапе.

Останувањето на Пиоли на кормилото на Милан, ќе го остави Ибра уште една сезона во Милано.