Прво тестови на товар на ФФМ па почеток на новата сезона во ПМФЛ – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/20 5:30 PM

Прво тестови на товар на ФФМ па почеток на новата сезона во ПМФЛ

Фудбалската федерација на Македонија денеска на седницата на Управен одбор ги усвои предлог пропозициите за натпреварување во Прва МФЛ за натпреварувачката сезона 2020/2021, а одлучи тестирањето за Covid – 19 за фудбалерите и стручниот штаб на клубовите од Прва МФЛ и Прва ЖМФЛ пред почетокот на натпреварувачката сезона 2020/2021 да биде на трошок на Федерацијата.

Меѓу другите одлуки, ФФМ го усвои календарот за натпреварување во женска конкуренција, потоа за натпреварување во млади категории, листата на делегати за натпреварувачката сезона 2020/2021.

На денешната седница ФФМ ги усвои измените и дополнувања на Правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери.