Трамп бара одложување на претседателските избори во 2020 – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/20 4:41 PM

Трамп бара одложување на претседателските избори во 2020

Претседателските избори во Соединетите Американси Држави закажани во ноември годинава, можеби и нема да се одржат, откако актуелниот претседател на државата, Доналд Трамп, изјави дека се залага за нивно одложување.

Ваквиот став на Трамп произлегува од ситуацијата со пандемијата на коронавирусот и опасноста за здравјето на гласачите и безбедноста на самото гласање на денот на изборите.

Можноста за фабрикување на резултатите на гласањето „преку пошта“ е причина за предомислување на Доналд Трамп и сериозна дебата по ова прашање.

-Гласањето преку пошта во 2020 година ќе биде најголемата лага измама во историјата. Тоа ќе биде огромна срамота за САД. Одложувањето на изборите се додека сите луѓе ќе можат да гласаат нормално и безбедно, напиша Трамп на социјалната мрежа Твитер.

Но, датумот за изборите го одредува Конгресот, а Уставот на САД не предвидува одложување до инаугурација на претседателот на 20 јануари, 2021 година.