За некои, нова убава торба може да биде толку примамлива па едноставно мораат да ја купат, без оглед на цената. Оние кои се слаби на високата мода, сега имаат прилика да ја поседуваат торбата „ Хималаи Биркин“.
Торбата од луксузната колекција има додатоци направени од дијаманти и бело злато, а продадена е за 230.000 фунти (околу 234.000 евра), поставувајќи нов светски рекорд кога се цените на торбите во прашање.
Торбата носи потпис на француската модна куќа „ Хермес“. Пазарот на торби неодамна се крена со поголема вредност на производите за дури 40 проценти, пишува Дејло мејл.
Имено, торбата сега се гледа како сигурно вложување во инвестиција во однос на уметничките дела кои се понудени на аукциите.
Торбата која постигна рекордна цена, направена е од кожа од афрички крокодил. Името го добила по боите кои ги има, во опсег од сива до бисерно бела, што потсетува на Хималаите покриени со снег.
Купена е на аукција организирана од куќата „Кристиз“ на интернет, на која е остварена продажба вредна околу два милиона евра.
„ Хималаи “ торбата била најскапо продадениот предмет.
Hermes handbag made of crocodile skin sets new world record with £230,000 price tag https://t.co/t1zG2wU4DW
— Daily Mail Online (@MailOnline) July 30, 2020
Извор :www.dailymail.co.uk