Кочанец со ,,мито“ од 100 евра сакал возачка дозвола, Полицијата го уапсила – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/20 1:27 PM

Кочанец со ,,мито“ од 100 евра сакал возачка дозвола, Полицијата го уапсила

Кочанец на службени лица за полагање на возачки испит им понудил 100 евра за да го положи возачкиот испит. Службениците го пријавле случајот, а Полицијата го привела.

„На 29.07.2020 на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода И.Д.(44) од Кочани, затоа што во 12.30 часот, пред закажан термин за полагање на возачки испит, на службените лица за полагање на возачки испит при Сообраќаен испитен центар од Штип им дал една банкнота во апоени од 100 евра, барајќи од нив да му овозможат да го положи возачкиот испит,“ информираат од Полицијата.

Службените лица го пријавиле случајот, по што бил извршен увид од увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Кочани. По комплетирање на случајот против И.Д. ќе биде поднесена кривична пријава.