Средбата на генерации на питомците и резервни офицери во Билеча оваа година под македонска команда – ММС
ММС

Објавено на: 06/22/18 12:27 PM

Средбата на генерации на питомците и резервни офицери во Билеча оваа година под македонска команда

По девети пат низ улиците и касарната на Босанскиот град Билеча,некогашните питомци и офицери на Школата за резервни офицери на пешадијата ШРОП ,се построија, маршираа, пееја и се дружеа.

И оние од 90 години и тие од 40 години ги поврзаа спомените доживеани во касарната .

,,Тука се учеше животот,, беа најчестите коментари.

На средбата на генерациите ,беа присутни поранешни питомци од сите бивши Југословенски републики, а најбројни беа од Словенија. Од година на година средбите стануваат се помасовни, а според присутните овогодишната средба била најмасовна.

Иницијативата за една ваква средба  на генерациите по класи, била покрената од група ентузијасти од Србија, БИХ и Македонија.Општина Билеча и касарната ,,Моша Пијаде,,која што денеска се вика ,,Билечки борци,,ја прифатиле иницијативата и силната желба станала реалност.

Активностите на овогодишната средба започнаа со свечено дефиле и постројување на присутните по класи. Тие беа поздравени од командантот на касарната, како и од поранешниот градоначалник на Билеча.

bty

Постројувањето оваа година беше под команда на македонското здружение ,кое што беше и домаќин на средбата.По овој официјален дел ,присутните имаа можност да се дружат .Емотивни беа глетките на препознавање,солзи и прегратки,  поминати долги години без да знаат нешто едни за други.

Заеднички прошетаа низ касарната и училниците, а  оваа дружба не помина  без војничкото гравче.

“Се вративме на годините во времето кога беше ЈНА. Се сретнавме со другарите питомци од речиси сите краеви на поранешна Југославија.Се потсетивме на минатите млади години, на школото, кое за нас тогаш значело започнување на живот на еден зрел човек, каде што сме созревале, каде што сме ги научиле првите работи за другарството за пријателството. Верувам дека и идната година сите што биле и тие што не биле,а ќе слушнат, ќе дојдат да се дружат, вели Тони Илиевски секретар на македонското Здружение за резервни воени старешини ШРО Билеча.

Македонското здружение е формирано пред две години и ова е негово второ учество на Средбата на генерации.

Во организација на општина Билеча се одржа дефиле  низ градот. Тука жителите ги поздравија  со воодушевување  и самите потсетувајќи се на некои дамнешни и убави времиња. Во градот имаше организиран и Саем на малото стопанство со понуда на домашни производи и специјалитети.

Гостите посебно  беа воодушевени од специјалитет ,,цицвара,,нешто слично на нашиот македонски качамак со кајмак.

Манифестацијата заврши со  свечена вечера и веселба. Сите учесници спиеја во касарната.

Спомените се незаборавни ,секоја година со свои посебности и обновени врски со години потиснати но никогаш заборавени.

Нама политика, нема делби, нема лоши спомени, Академијата за питомци и резервни офицери во бивша Југославија е кохезија и колективна меморија на сите генерации.

Академијата  е основана во 1956 и како таква опстоја до 1991 година.

Како што беа емотивни средбите такви беа и испраќањата.Обновените пријателства не завршуваа тука,се разменуваа телефони,адреси но и ветувања идната година во јуни повторно да се видат таму на истото место.

bdrbtybmdbtybmdbtybtybdrbtybtybtybtybtybtybdrbdrbtybtybdrbdrbdrbdrbdrbtybdrbtybtybtybtybtybtybtybdrbtybdrbtybtybtybdrbdrbtybtybtybdrbtybtybtybdrbtybtybdrbdrbtybtybtybtybtybtybtybdrbdrbtybtybtybtybtybdrbdrbdrbtybtybtybtybtybdrbtybdrbdrbtybtybtybty