Затворска казна од 11 години за убиство на редок вид горила во Уганда – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/20 1:06 PM

Затворска казна од 11 години за убиство на редок вид горила во Уганда

Угандиец кој убил редок вид на планински горила е осуден на 11 години затвор, пренесува „Би-Би-Си“.

Феликс Бјамукама се изјаснил за виновен за неовластено влегување во заштитено подрачје на национален парк и за убиство на горилата по име Рафики.
Тој во националниот парк влегол со уште три лица за да ловат животни, меѓутоа за горилата тврди дека го убил во самоодбрана.

Телото за заштита на дивиот свет во Уганда смета дека правдата за смртта на животното, со ваквата казна е задоволена.