Одмазда за Аја Софија: Грчка телевизија ги укина турските серии – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/20 10:27 AM

Одмазда за Аја Софија: Грчка телевизија ги укина турските серии

Грчката елевизија АНТ1 го укина емитувањето турски серии на својата програма во текот на летото, како одговор на одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган Аја Софија во Истанбул да ја претвори во џамија, пренесува „Телеграф.рс“.

„По она што се случи со Аја Софија, донесовме одлука сериите да се забранат“, изјави главниот уредник на телевизијата, Јоргос Пофантис.