Со државна помош на одмор во Монте Карло- Најголемите српски ѕвезди добија надоместок, плакале даноци – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/20 9:11 AM

Со државна помош на одмор во Монте Карло- Најголемите српски ѕвезди добија надоместок, плакале даноци

На почетокот на пандемијата на вирусот корона, државата реши да им плати на сите мали и средни компании три пати по 250 евра, (за април, мај и јуни) за полесно да ја издржат финансиската криза предизвикана од вонредните мерки.

Бројни пејачи ја искористија оваа привилегија, поточно оние кои имаат регистрирано компании во нивно име. На списокот на познати личности се вклучени многу поп-уметници.

Најголемата музичка старвезда од оваа област, Светлана Цеца Ражнатовиќ, преку нејзината компанија „Цеца мјузик“, која ја води нејзината сестра Лидија Ококојиќ, побара од државата да помогне во плаќањето на минималната плата за пет вработени. Тоа изнесуваше 150 илјади динари месечно, а 450 илјади динари за целиот период, дознава „Курир“.

На 16 април, Неда Украден отвори посебна сметка во банката, преку која Министерството за финансии плати три пати по 30.000 динари. Пејачката ја отвори компанијата „Неда браво“ во 2014 година, преку која работи и плаќа даноци.

Драган Којиќ Кеба, Николија Јовановиќ, Реља Поповиќ, Теодора Џеверовиќ, како и Ана Бекута, која со години е сопственик на деловната компанија „Бројаница“, направија исто како  Неда, дознава „Курир“.

Многу пејачи и музичари кои прават бизнис преку „Гранд“, исто така добија минимална плата за претходните три месеци. „Гранд“ беше меѓу првите кои аплицираа за помош, на 16 април.

Интересно е што истото го стори и Саша Поповиќ, преку неговата компанија „Агенција Поповиќ ентертејмент и консалтинг“, чиј единствен вработен е тој. Така, поранешниот сопственик на „Гранд“, покрај својата пензија, досега има добиено 90 илјади динари од државата.

Брена доби 630 илјади затоа што во својата продавница за плескавици „Биг Рори“ има седум вработени, вклучително и самата таа како сопственик.

Тука се и Владо Георгиев и неговата компанија „ВГ арт студио“, која има четворица работници, па затоа за три месеци доби 360 илјади динари, пишува „Курир“.

Раста се пријавил сам себе во компанијата „Балкатон Генг“, и добила 90.000 динари.

Извор: mondo.rs