Како да ги заштитете дишните патишта од респираторни вируси – Турунџиева за превентива и лечење од бронхитис – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/20 9:30 AM

Како да ги заштитете дишните патишта од респираторни вируси – Турунџиева за превентива и лечење од бронхитис

Бронхитисот е воспаление на слузокожата на дишните патишта( бронхиите). Најчесто се предизвикува со инфекција, се влошува состојбата со вдишување на штетни испарувања, како што е димот од цигарите. Бронхитисот  може да биде акутен и хроничен.

Хроничниот бронхитис  е заболување на бронхиите со што доаѓа до зголемување на секретот во бронхиите, кои се пропратени со кашлање и воедно со искашлување.

Акутниот бронхитис всушност е акутно воспаление на трахеите и на главните бронхии, кое е обично поврзано  со вирусна инфекција на горниот дел на дишните патишта.

Болести се предизвикуваат од респираторни вируси, ретко од бактерии. Вирусните инфекции обично им претходат  на секундарните бактериски инфекции. Бројни намирници се добри во случај на бронхитис:

–              Муколитици, го потикнуваат и  го олеснуваат исфрлањето на слузта, на пр. кромидот и ротквицата

–              Емолијенси, го намалуваат и го олеснуваат воспалението на слузокожата на дишните патишта , на пр. бамјата, урмите и смоквите.

–              Антибиотици и антисептици, корисни средства во борба против бактериите и вирусите, како на пр. лукот и прополисот.

ЗА ПРЕВЕНТИВА И ЗА ЛЕЧЕЊЕ ПОТРЕБНО Е ВНЕС НА :

–              КРОМИД, есенцијалното  масло кое е одговорно за специфичниот мирис на кромидот, делува како муколитик ( ја растворува слузта, експекторанс( го олеснува искашлувањето) и антибиотик. Кромидот е многу погоден и за акутниот и за хроничниот бронхитис. Најпродуктивен е кога се јаде пресен, а дури и самото вдушување на мирисот се покажало  како делотворно.

–              ЛУК, дејствува и како муколитик и како антибиотик. Многу  е ефикасен против инфекции на дишните патишта, па и при вируси.

–              РОТКВИЦА, таа содржи јаки сулфурни есенции кои го олеснуваат исфрлањето на слузта од дишните патишта.

–              РЕН, по состав и по дејство тој е сличен како и ротквицата. Го спречува прекумерното наталожување на крв во ткивата и  ги прочистува бронхијалните каналчиња.

–              ПРАЗ, има дејство на муколитик, слично дејство како и лукот.

–              УРМИ, ја омекнува слузокожата на дишните патишта.

–              СМОКВА, ја омекнува слузокожата на дишните патишта.

–              БАМЈА, тие се богати со растителен лепак( познат како гума арабика) кој го смирува и дигестивниот и респираторниот тракт.

–              МЕД, делува како амолијенс кој ги смирува  дишните патишта и ја убалажува кашлицата.

–              ПРОПОЛИС, овој природен антибиотик кој го произведуваат пчелите користејки растителен восок и смола, го намалува вопсалението на дишните патишта и дејствува антивирусно. Се препорачува во случај на акутен бронхитис како и при хронични болести настанати поради пушење.

–              ВИТАМИН А, е неопходен за здравите келии кои ги обложуваат дишните канали. Морковот, зелениот лиснат зеленчук, овошјето како што е мангото или кајсијата, се добар извор на бета-каротенот( кој во телото се претвора во витамин А).

–              ВИТАМИН Ц, го штити белодробното ткиво.

ЗА ЛЕЧЕЊЕ ИЛИ ПРЕВЕНТИВА ДА СЕ СМАЛИ ИЛИ ЕЛИМИНИРА ВНЕС НА :

–              СОЛ, натриумот ги задржува  течностите  во ткивата, што во овој случај за бронхитисот е штетно. Со намалување на внес на сол многу се подобрува моменталната состојба.

–              АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ, ја намалуваат отпорноста на организмот и го намалуваат побрзото закрепнување на организмот од бронхитисот.

–              ЗАСИТЕНИ МАСТИ, големиот внес на заситени масти, вообичаено во исхраната го слабее имуниот систем и го отежнува закрепнувањето од бронхитисот.

Тања Турунџиева