Болна самохрана мајка со укината социјална помош проси пред маркет во Драчево- Тања Раденкова нова жртва на неажурни институции – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/20 9:30 AM

Болна самохрана мајка со укината социјална помош проси пред маркет во Драчево- Тања Раденкова нова жртва на неажурни институции

Денес министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека состојбата со Ковид- 19 во државава е стабилна и под контрола а пред два часа на Фејсбук го потсетија дека во државава не е проблем само Ковид-19.  Станува збор а самохрана мајка од Драчево поради која го замолуваат лично министерот да  испрати едно амбуланто возило со лекарски тим да земат жена од скопската населба Драчево и да ја сместат во болница.

– Почитуван Министер за здраство, почитувани сограѓани, Тања е самохран родител, беспомошна за работа, социјалната помош и ја укинале бидејки можела да оди со штаки а тоа значи ќе можела да работи (на сликата погледнете и ги нозете). Тања од денес одлучила да застане пред маркет во населба Драчево и да бара милостина од сите нас за да се прехрани со ќеркичката и да може да си купи лекарства. Тања средовечна жена, многу е културна, срамежлива, тивка, со насолзени очи и испружена рака бара спас од сите нас, вели меѓу другото во пост на Фејсбук на загрижен граѓанин.

По објавата ја контактиравме  и Тања Раденкова, која ни рече дека утрово  се јавил министерот Филипче и чекала да дојде  лекарска екипа, а во моментот додека разговаравме дојдоа и од Министерство за труд и социјална политика. Разговорот го прекинавме за да видиме што ќе сега направат надлежните институции, кои уште еднаш потфрлија во работењето.

Добровечер господине Филипче – министер за здраство!

Добровечер Македонијо!

Господине Филипче пред две години на…

Posted by Vlado Avramovski on Wednesday, July 29, 2020