Голем шумски пожар кај селото Едрениково – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/20 7:33 PM

Голем шумски пожар кај селото Едрениково

Околу 18 часот попладнево во близина на селото Едриниково во општина Василево избувна голем шумски пожар кој, според првичните проценки, зафатил голема површина.

Чадот од пожарот може да се види и од Струмица и околните населени места, а според командирот на ТППЕ Струмица, Александар  Гудев, пожарот го гаснат три противпожарни возила и 12 пожарникари.

На терен  е и градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев и засега е неизвесно кога пожарот ќе биде ставен под контрола.

МИА