Во неделата на спиење, во 04.30 часот полицијата успеа да го најде и врати во штипскиот затвор А.С.(37) од Штип, бегалец кои заминал на викенд отуство и не се вратил. Каде се криел близу две години, никој не кажува, иако органите на прогонот имале одредени сознанија. Конечно, во понеделникот рано наутро бил фатен и однесен во затвор бегалецот баран со национална потерница.
Од СВР Штип не откриваат детали за акцијата, освен дека е лишен од слобода по претходни оперативни сознанија.
Штипјанецот не е единствениот бегалец од Казнено поправниот дом во Штип. Таму, во моментов се сметаат за бегалци петнаесетина затвореници, кои биле пуштени на користење на викенд отсуства, но не се вратиле во затворот во предвидениот период. Најпознати бегалци, по кои се’ уште се трага со меѓународна потерница се Агим Красниќи и Сехад Рамадани од Кондовската група, двајцата осудени за тероризам.
Директорот на КПД Штип, Мики Тодоров вели дека на вратените бегалци во затворот им се ускратува правото на викенд отсуство. Со законска измена тој период е зголемен, што треба да ги обесхрабри потенцијалните бегалци. Отсуствата на затворениците им се дадени како право, иако тоа право се злоупотребува.
Животот во бегство и криење не е лесно, особено ако се остане во државата.
Иако, луѓето со добри врски лесно може да „исчезнат“ од системот, како што го направи специјалецот Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски. Спасов, според непотврдени информации успеал да ја напушти државата и да се засолни на сигурно, поминувајќи неколку државни граници.